Mitsuoka Viewt – британски ретро стил со модерни основи на Toyota Yaris

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонската компанија Mitsuoka е позната по своите дизајни базирани на модерни автомобили кои добиваат делумен или целосен ретро изглед. Овој пат под нож отиде Toyota Yaris со која се одбележуваат 30 години од моделот Viewt. За разлика од претходните генерации, кои беа базирани на Nissan, овој пат ретро возилото е модифицирано врз основа на Yaris.

Дизајнот беше инспириран од Jaguar Mark 2 од 1963 година со тркалезни фарови и издолжена решетка меѓу нив. Интересно е да се види како класичниот дизајн се среќава со новата технологија со интегрирање на сензорот за растојание во решетката. Во долниот дел се изработени хромирани браници меѓу кои е поставен предниот регистарски број.

Задниот дел е исто така направен во сличен стил со тркалезни светла и хромиран браник. Со дополнителен хром елемент над бројот. Амблемите на Тојота се заменети со Mitsuoka, а алуминиумските тркала со железни со тас.

Mitsuoka Viewt Story е долг 4.090 мм. широк 1.695 мм. и висок помеѓу 1.500-1.515 мм. во зависност од варијантата. Ова го прави 70 мм. подолг од четвртата генерација на Toyota Yaris, со идентична ширина и висина.

Постои избор помеѓу 1,0-литарски и 1,5-литарски трицилиндрични бензински мотори, како и 1,5-литарскиот хибрид кој е најефикасната опција. Моќта се пренесува на предните (2WD) или на сите четири тркала (4WD) преку шестстепен мануелен, CVT или eCVT менувач во зависност од погонската група.

Цената за Mitsuoka Viewt Story започнува од 3.008.000 јени (околу 22.300 американски долари) за мануелниот 1.0-литарски 2WD со основна спецификации и оди до 31.100 долари за водечкиот хибрид.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK