четврток, 25 јули, 2025 година

Continental со награда – „производител на гуми на годината“

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Continental ја освои наградата за производител на гуми на годината за нејзината континуирана посветеност на иновациите дизајнирани да ја подобрат технологијата и одржливоста на производите. Меѓународните награди за иновации и достигнувања на Tire Technology беа доделени на саемот за технологија за гуми во Хановер.

Continental беше награден од Tire Technology International (TTI), и наградите на TTI за иновации и извонредност се сметаат за најважни во индустријата и ги покажуваат најновите случувања и напредок во технологијата на гумите низ целиот свет. Критериумите за избор оваа година повторно беа фокусирани на технолошките иновации за подобрување на безбедноста и одржливоста на производите – со награди доделени од меѓународно жири од повеќе од 20 новинари и водечки експерти во индустријата за гуми.

- Advertisement -

Ова е третпат во последните осум години Continental да ја освои престижната награда за производител на гуми покажувајќи ја својата посебна посветеност на водечките технолошки иновации на пазарот засновани на безбедност и одржливост.

Производителот на премиум гуми го демонстрира својот капацитет за иновација со воведување на технологијата ContiRe.Tex. Специјално развиената технологија за поголема одржливост беше пуштена во производство за само неколку месеци. Тоа и овозможува на компанијата целосно да ги замени традиционалните полиестерски влакна со рециклирани влакна добиени од рециклирани шишиња.

Continental e oснована во 1871 година, a технолошката компанија нуди сигурни, ефикасни, интелигентни и достапни решенија за возила, машини, сообраќај и транспорт. Во 2021 година, Continental оствари продажба во вредност од 33,8 милијарди евра и моментално има повеќе од 190.000 вработени во 58 земји и пазари. На 8 октомври 2021 година, компанијата ја слави својата 150-годишнина. Одделот за гуми на групацијата има 24 локации за производство и развој низ целиот свет.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја