Haval X Dog – СУВ со екран на воланот (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Haval одамна е сериозен играч на автомобилскиот пазар. Сега компанијата претстави уште еден нов модел – теренецот X Dog. Неговиот прототип беше прикажан на Саемот за автомобили во Шангај во април 2021 година. Однадвор, автомобилот личи на друг модел на марката – Big Dog, но X Dog има голема решетка, специјална облога на каросеријата и голем заден прозорец.

Најинтересно е во внатрешноста. Има дури шест дисплеи и еден од нив е дури и на воланот. Вториот мал екран се наоѓа веднаш до отворите за протокот на воздух. Локацијата на другите може да се види од фотографијата на ентериерот.

Техничките карактеристики на новитетот се уште не се објавени. Според прелиминарните податоци, опсегот на мотори на Haval X Dog ќе се состои од мотори со зафатнина од 1,5 и 2,0 литри. Моќта на единиците сe уште не е позната. Постои само една опција за менувач – роботизиран со седум брзини.


Покрај вообичаените верзии, на купувачите ќе им биде понудена хибридна верзија која ќе користи 1,5-литарски мотор.

Цената на новиот теренец се уште не е објавена, но веќе е познат приближниот датум за почеток на продажбата во Кина. Тоа е закажано за првата половина на 2022 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK