Ford ја „набилда“ PUMA ST (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Ford го потврди доаѓањето на новата Powershift верзија на PUMA ST, која располага со хибриден погонски систем и интеграција на најмоќната верзија на мултимеѓународно наградениот еднолитарски EcoBoost мотор. Многу брзо моделот ќе биде понуден во Европа.

Новата Puma ST Powershift ветува максимална моќност од 170 КС и максимален вртежен момент од 248 Nm, од еднолитарски мотор и 48 волтен „мек“ хибриден агрегат.

Puma ST Powershift ветува можност за забрзување од 0 до 100 km/h за 7,4 секунди, а во исто време може да помине 100 километри со само 6,3 литри гориво.

Понудата вклучува и помоќен и побрз 1,5 литарски модел со 197 КС. Тој ќе се нуди само со 6 степен механички менувач, за разлика од верзијата со 1,0 литарски мотор што ќе има 7 степен Powershift.

Двете верзии на Ford Puma ST се идентични, имаат подобрена суспензија и управување, како и поголеми сопирачки. Од стандардните верзии, овие поспортските се разликуваат по неколку елементи на надворешниот изглед и во внатрешноста.

Поточно, станува збор за специјална решетка за ладилникот, аеродинамичен комплет за каросерија и 19-инчни тркала. Во внатрешноста се поставени спортски седишта и спортски волан. Опремата е дополнета со парктроник, адаптивен темпомат, сензори за дожд и светлина.

„Тимот Ford Performance го искористи своето искуство за време на развојот на оригиналната Puma ST за да го понуди препознатливото ST уживање во возењето без да ја жртвува практичноста на нашиот компактен SUV, а нашата нова Powershift верзија е уште пофлексибилна“, коментира Стефан Минзингер, директор на Ford Performance Europe. „Ние користиме 48-волтна блага хибридна технологија не само за подобрување на ефикасноста, туку и за подобрување на максималната моќност и вртежен момент.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK