Директно од Пекинг – новиот MG5

ОБЈАВЕНО НА:

Саемот во Пекинг кој во моментов се одржува е еден од најатрактивните Tоп-10 саеми за автомобили кој оваа година се одржа. На овој саем доминираат кинеските производители како и по некој европски и американски кои активно работат на зголемување на пазарниот удел во оваа земја.

Британскиот бренд MG кој денес е дел од SAIC групацијата на овој саем ја претстави новата генерација на моделот MG5.

Атрактивниот модел е со должина од 4.675 мм, широчина 1.842 мм, висина 1.480 мм и меѓуоскино растојание од 2.680 мм. Достапен е со 1,5 литарски бензински мотор со 120 КС и 1,5 литарски турбо бензински мотор со 173 КС.

MG5

Овој модел во продажба во Кина ќе се појави во наредните два месеца, а не е познато засега дали ќе биде дел и од европската понуда.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK