Пристигна освежената Cupra Ateca

ОБЈАВЕНО НА:

По Cupra Leon, сега Seat претстави уште еден освежен модел. Станува збор за Cupra Ateca која го доби последниот рестајлинг пред новата генерација.

За разлика од моделот Leon, моделот Ateca доаѓа со значителни естетски измени. Тоа е највпечатливо на предниот дел каде се вметнати новите LED светла и магленки, а изменет е и браникот и маската на ладилникот.

Помала измена има и на задниот дел каде исто така има нови LED светла, помала измена на браникот и нов издувен систем.

Во внатрешноста има помали измени, а доминира новиот 10,25 инчен екран осетлив на допир и подновениот инфотејнмент систем. Тука се и препознатливите Alcantara спортски седишта како и помали измени.

Во однос на мотористиката нема никаква промена. Под хаубата доаѓа сос стандардниот 2,0 литарски TSI турбо бензински мотор достапен само за автоматски менувач. За потсетување, моќноста на овој мотор изнесува 300 КС и 400 Nm, а до стотка за брзува за 4,9 секунди. Максималната брзина која може да ја постигне изнесува 247 км/ч.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK