Toyota Supra од 1997 година продадена за 176.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Легендарниот модел Supra е како вино, па оттука констатацијата, колку постара толку подобра, а и нормално, цената повисока. Во насока на поддршка на ова тврдење доаѓа и последната аукција на која примерок од 1997 година е продаден за 176.000 американски долари.

Станува збор за моделот А80 МК4 кој својата слава ја доживеа во видео играта и истоимениот филм Fast&Furious. Со највисоко ниво на опременост и одлична сочуваност на ентериерот и екстериерот, цената за овој примерок и не е толку висока. Под хаубата располага со 3.0 литарски twin турбо мотор кој продуцира максимални 326 КС.

За потсетување, пред неколку месеци еден примерок од новата генерација на овој модел е продаден за 2.1 милиони долари.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK