Се продава победничкиот болид на Хамилтон од 2010 година

ОБЈАВЕНО НА:

Познатата компанија за организирање на аукции, RM Sotheby’s, го стави на аукција победничкиот болид на Луис Хамилтон од 2010 година. Се работи за болидот кој Британецот го возеше на трката за Големата награда на Турција на која заврши на тронот.

Болидот на McLaren кој го носи кодното име MP4-25A располага со 2,4 литарски V8 мотор од Mercedes-Benz и располага со одлична аеродинамика, споредбено со неговите претходници. Благодарение на тоа тој е за 9,7 км/ч побрз во однос на претходникот.

Британската компанија очекува со продажбата на овој модел да инкасира помеѓу 5 и 7 милиони американски долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK