Започна производството на Ford Puma

ОБЈАВЕНО НА:

Ford во својата фабрика во близина на романскиот град Крајова и официјално го означи стартот на производството на најновиот SUV модел, Puma. Претходно, Ford соопшти и дека за потребите на производствениот процес во оваа фабрика ќе вработи дополнителни 1.700 работници, а во моментов производството се одвива во три смени.

Овој кросовер е со должина од 420 см што е за 12 см подолг од претходно најавената должина од 408 см. Се темели на истата платформа како и Ford Fiesta, а оттука е понуден со истите мотори како и актуелниот модел Fiesta. Во центарот на вниманието ќе биде 1.0 литарскиот EcoBoost мотор со верзии од 85 до 140 КС.

Почетната цена на овој модел во Германија изнесува 23.150 евра, а до крајот на годината се очекува истиот да биде достапен во понудата на Ford во сите европски земји, вклучувајќи ја и Македонија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK