Tesla веќе не е лидер: Top-5 електрични автомобили со најдолг домет со едно полнење

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемиот проблем со електричните возила е што имаат мал домет. Барем така беше на почетокот. Сега тоа е многу повеќе, и батериите стануваат се помали, а помоќни. Со едно полнење веќе без проблем се минуваат над 400 км. Но, сепак има возила кои можат да минат и многу, многу повеќе.

Новите електрични возила се тестираат според циклусот на ЕПА, кој се смета за најреален меѓу електричните возила. Студијата покажува дека новиот Lucid Air неочекувано го дава најдобриот резултат. Овој автомобил поминува 837 километри без полнење и вози речиси 200 километри пред поранешниот лидер Tesla Model S Long Range (652 километри).

Еве ја листата на ТОП-5 електрични возила со најдолг домет со едно полнење на батериите:

Luсid Аir – 837 км
Tеslа Mоdеl S Lоng Rаngе – 652 км
Tеslа Mоdеl X Lоng Rаngе – 600 км
Tеslа Mоdеl 3 Lоng Rаngе – 568 км.
Mеrсеdеs -Bеnz ЕQS – 563 км

Интересен детал: декларираната автономна километража на Mercedes EQS е дури 770 километри, но измерена со „поблагиот„ WLTP циклус. Во реалниот живот, работата на електричниот германски автомобил не е толку импресивна.

Се разбира тука не станува збор за цената на возилата, и колку е таа „нормална„. И дали сега може да си го дозволат поголем број на купувачи. Но, најважно е што се појавуваат се повеќе возила кои имаат долг домет.

Светски рекорд: Електричниот Lucid Air минува 837 км. со едно полнење

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK