Работниците со предупредување до Audi – или поголеми плати или штрајк

ОБЈАВЕНО НА:

Околу 4.000 работници од фабриката на Audi во Унгарија упатија предупредувачка нота до германскиот производител, бараат поголема плата или во спротивно се заканија со штрајк.

Во знак на предупредување тие ја стопираа работата на два часа, а лидерот на синдикалното здружение Шандор Немет за унгарските медиуми изјави дека овој предупредувачки прекин се покажал како многу успешен.

Синдикатот бара зголемување на месечната плата за 18% односно бараат најмалата плата да изнесува 75.000 форинти или околу 235 евра. На ова од раководството на фабриката најавија дека нивниот тим ќе ги продолжи контактите со синдикатот со цел надминување на настанатата ситуација и при тоа ќе направат се што е во нивна моќ за да се продолжи нормалното функционирање на фабриката.

Инаку фабриката на Audi во Унгарија е лоцирана во предградието на градот Ѓер во западниот дел на земјата. Во моментов оваа фабрика вработува 13.000 лица, а покрај 100.000и возила, минатата година произведе и 1,95 милиони мотори.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK