Што се случува кога ќе пукне гума при брзина од 210 км/ч (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Пукањето гума при брзина од дури 80 км/ч знае да биде многу кобно. На интернет има бројни видеа од вакви моменти кои завршуваат лошо за возачот, останатите патници, но и околината.

Меѓутоа на интернет се појави видео снимено на легендардната германска патека Нордшлајф на кое се гледа како на Lamborghini Huracan пука гума. Станува збор за туниран автомобил со 1.200 КС на кого при брзина од 210 км/ч пука гумата.

Возачот веднаш губи контрола, но има голема среќа бидејќи успева да помине без повреди и сериозни оштетувања на автомобилот. Секако, најголемо влијание за тоа има широката патека па извртувањата не придонесоа за сериозен инцидент.

Видеото од овој настан можете  да го погледнете во продолжение.

Моментот на пукањето и реакцијата на возачот се пред крајот на видеото.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK