Mercedes го најави новиот Citan

ОБЈАВЕНО НА:

Девет години по претставувањето на актуелната генерација, германски Mercedes-Benz ја најави новата, втора генерација на овој модел. За таа цел на својот официјален YouTube канал објави кратко видео со кое ја најави премиерата закажана за 25 август.

Citan во целост се базира на новата, трета генерација на Renault Kangoo. Не случајно. Во Франција, Maubeuge Construction Automobile веќе подолго време ги произведува моделите Mercedes-Benz Citan и Renault Kangoo, па оттука многу заеднички работи на овие два модели.

Новата генерација покрај традиционалните 1,2 литарски бензински и 1,5 литарски дизелски мотор, ќе биде достапен и во целосно електрична верзија. Во понудата остануваат и патничката и товарната верзија, а се очекува да ги задржи и актуелните димензии односно должината, во зависност од верзијата да се движи од 3,94 метри до 4,71 метри.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK