(Видео): Аматер за 99 долари направи штета од 125.000 долари

Да се вози супер автомобил е сон на секого. Но, кога се управува со истот треба да се слуша инструкторот додека ви објаснува како да се справите со „стотиците“ коњи под себе, ама и да бидете внимателен и двете раце да ги држите на воланот.

Доколку се правите „фраер“ веројатно ќе ве снајде слично како и овој аматер која платил 99 долари за да искуси возење со McLaren 12C.

Резултатот на неискуството и посакувањето да се почувствува адреналинот, а притоа и инструкторот на не претпостави колку возачот е способен, е видлив после неколку минути.
Оштетувањата направени на возилото чинат 125.000 долари. Ако се земе предвид дека користен 12C чини меѓу 140 и 170 илјади долари прашање е дали вреди воопшто истот да се поправа?

На крајот од видеото ќе ја видите и направената штета.