Подвиг на VW Touareg – Од Братислава до Пекинг со возило за 21 ден (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

На Рајнер Зитлов повторно му тргна од рака со својот тим да се вброи меѓу почесните гости на светската премиера на третата генерација на Volkswagen Touareg во Пекинг.

Авантуристот и неговите сопатници се возеле по копно на светската премиера во замаскиран прототип на новиот Volkswagen Touareg. Неговиот тим мина вкупно 21 ден на турата „Братислава-Пекинг“.

„Новиот Touareg и неговите бројни системи за поддршка на возачот се покажаа како целосно доверливи и удобни сопатници во текот на ова возење на светската премиера. Новиот СУВ од брендот Volkswagen во целост е и во секој поглед одговарачки за долги делници и не воодушеви во непредвиливи услови на патот, но и при временските услови“, вели Рајнер Зитлов.

Зитлов и неговиот тим три недели ги проверуваа границите на издржливост на новиот Touareg. Проектот на возење по рутата „Братислава – Пекинг“ ги водеше ни 11 земји: Словачка, Австрија, Чешка, Полска, Литванија, Летонија, Естонија, Русија, Казахстан, Монголија и Кина.

Почетната точка беше фабриката на Volkswagen во Братислава во која Touareg се произведува веќе 16 години. Речиси еден милион возила излегоа од производствениот погон од почетокот на производството на овој модел во 2002 година.

Зитлов и неговите сопатници го возеа новиот Touareg низ зимски предели во Европа и целосно замрзнати делови на Азија. Секојдневните рути, од кои одредени беа подолги од 1000 километри и во текот на кои температурите се движеа од -23 до +21 степен, бараа и големи напори на човекот и машината.

Истовремено обезбедуваа и незаборавни моменти за сите членови на тимот: уникатни пејсажи, сурови услови на патот, дружење со локалните жители и риболов на мраз. Исто така секогаш се чувствуваше како дома: новиот Touareg со максирана предница и страничен дел на возилото на патот до својата светска премиера.

Патувањето на светската премиера во Пекинг го водеше тимот преку Урал кој беше прекриен со снег, покрај замрзнатото Бајкалско езеро, низ казахстанските пустини, монголските планини и степи и на крајот низ внатрешноста на Монголија сè до Кина.

Тимот има зад себе 16.500 возбудливи километри, означувајќи нова пресвртница во историјата на возењето на долгата патека на Volkswagen Toaureg.

Досега Рајнер Зитлов возеше Touareg на пацифичкиот автопат од Огнената земја до Алјаска за 11 дена и 17 часа, од Мелбурн до Санкт Петербург (тура „Рустралија“) за 17 дена и 11 часа, од Јужноафриканската република до Норвешка (тура „Cape to Cape 2.0“) за 9 дена и 4 часа и од Магадан (Источна Русија) до Лисабон за 6 дена и 9 часа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK