Потврда зошто Volvo е најбезбедниот автомобил (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Шведскиот производител Volvo отсекогаш претставувал дефиниција за најбезбеден автомобил. Почнувајќи од 80те години па се до денес безбедноста и сигурноста на патниците, па и околината прераснаа вистинска ДНК на шведскиот бренд.

Покрај краш тестовите кои се одвиваат во рамките на Euro NCAP програмата, вистински доказ за одличните (безбедносни) перформанси се и бројните сообраќајки во кои партиципираат возилата на Volvo.

Видео од една таква сообраќајка може да се најде на YouTube, а во истата модел на Volvo се забива во Scania. Иако на прв поглед се чини дека возилото ќе се распадне, сепак тоа поминува со минорни оштетувања.

Коментарите под видеото се најразлични, а најголем дел интернет корисниците се согласни за одличната безбедност и издржливост на овој бренд.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK