Гледале лансирање на ракета, предизвикале карамбол на автопат

ОБЈАВЕНО НА:

Едно мало невнимание при возење на автопат преполн со возила може да биде причина за голема сообраќајна несреќа. Сосема е јасно дека секогаш мора да се биде внимателен зад воланот, но при ваква ситуација внимателноста секако мора да биде на уште повисоко ниво. Автопатите генерално се побезбедни за возење отколку двосмерните патишта на кои постои опасност од директен судир како последица на невнимателно претекнување. Сепак, она што се случи на автопатот во јужна Калифорнија дефинитивно не е секојдневие.

Во текот на лансирањето на ракетата Falcon 9 од вселенската програма Space X дошло до голем судир. Причината е во тоа што неколку од возачите додека возеле го гледале несекојдневниот момент.

Тоа се случило во време кога автопатот бил полн, па повеќето возачи гледале во ракетата место во патот пред нив што предизвикало вистински карамбол и судир кој бил поспектакуларен отколку самото лансирање на ракетата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK