VW претстави електричен мотор кој ќе има 286 КС

ОБЈАВЕНО НА:

Volkswagen претстави нов електричен мотор со кодно име APP550. За жал, ознаката 550 не се однесува на коњските сили. Ознаката е идентична со максималниот вртежен момент, кој достигнува 550 њутн метри. Најверојатно новиот електричен мотор ќе се појави за прв пат во ID.7, а потоа ќе се понуди до останатите модели на марката.

VW тврди дека подобрените перформанси се должат на различни фактори, вклучително и „подобрениот статор со поголем ефективен број на намотки и поголем пресек на жица“. Компанијата исто така користела помоќен магнет и го зајакнала уредот за „да го издржи значителниот вртежен момент“.

Инженерите обрнале внимание и на ефикасноста. Како дел од овој напор, тие „оптимизираа голем број компоненти на погонската група, вклучувајќи го и системот за термичко управување“.

Погонската група сега има систем за ладење кој не се потпира на електричнa пумпа за масло. Наместо тоа, „загреаното масло се лади преку колото на течноста за ладење на возилото, кое ја одржува работната температура на погонската спрега“. VW исто така, истакна дека надворешноста на статорот е опремена со ладилник.

Првата модификација на APP550, која ќе биде пуштена во производство на моделите развиени на модуларната платформа MEB, пред крајот на 2023 година, ќе има моќност од 286 коњски сили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK