Ова се најлошите навики на европските возачи

ОБЈАВЕНО НА:

Најновото истражување спроведено од страна на FVC (Fondation Vinci Autoroutes) ги открива најлошите навики на возачите во 11 европски земји. Резултатите од ова истражување покажуваат дека 89% од европските возачи возат побрзо од пропишаните ограничувања, а најбрзи зад воланот се Германците и Швеѓаните кои дури 93% се изјасниле дека често не ги почитуваат правилата за максимално дозволените брзини.

Истражувањето покажа дека дури 78% од возачите не држат безбедносно растојание помеѓу автомобилите. Најнедисциплинирани се возачите во Грција. Дури 494% од Грците се изјасниле дека возат без користење на појасот, а 28% од нив возеле во алкохолна состојба.

Од другите лоши навики утврдени преку ова истражување е и високиот процент на возачи кои не даваат светлосен сигнал при промена на правецот на движење. Така 63% од Французите не даваат ваков сигнал, а 66% од возачите во Шпанија често ја користат свирката. 71% од испитаните возачи признаваат дека често ги вреѓаат останатите возачи, а Полјаците не би биле тоа што се доколку не би практикувале физичка пресметка со останатите возачи.

Голем процент од возачите го користат мобилниот телефон додека се возач и при тоа сурфаат на интернет, а 30% не користат Hands Free опрема додека возат. Релативно висок процент односно 24% пишуваат или читаат SMS о e-mail пораки.

Во истражувањето кое се спроведува секоја година учествуваа 11.039 испитаници – возачи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK