Kрадци се намачија да украдат Tesla (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Вградената напредна технологија во новите автомобили донесе примена на напредни методи за кражба на истите. Иако многу производители уверуваа дека новите автомобили потешко може да се украдат, сепак праксата го покажува спротивното.

Потребата од зголемување на безбедноста придонесе неколку производители, а особено Tesla да посвети големо внимание на обезбедување на возилот користејќи напредна технологија. Сепак и оваа технологија не е проблем за крадците, но во споредба со класичната значително знае да ги намачи крадците.

Дека не е лесно да се украде Tesla покажуваат и безбедносните камери од Епинг (Англија) каде пред неколку денови беше украден Tesla автомобил. На видеото објавено на YouTube може да се види како неколку крадци се намачуваат крадејќи го автомобилот.

На крајот сепак победија крадците, барем во тој момент.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK