Во оваа европска држава половните автомобили се најевтини

ОБЈАВЕНО НА:

Ако планирате да купите половен автомобил, а при тоа истото да го направите преку увоз, тогаш треба да знаете во која европска земја половните авотмобили се најевтини.

Интернет сајтот Autoscout24 спроведе истражување со цел да утврди во која земја овие автомобили се најевтини.

Просечната цена на половните автомобили е најголема во Франција и тоа 22.995 евра. Потоа, верувале или не, следи Германија каде просечната цена изнесува 18.377 евра, а понатаму следат Австрија, Шпанија, Белгија, Холандија…

Просечната продажна цена на половните автомобили е најмала во Италија. Во оваа земја во просек, цената на половен автомобил изнесува 14.446 евра.

Доколку планирате да купите автомобил стар до една година, тогаш треба да го барате во Шпанија каде во просек цената на овие автомобили изнесува 28.630 евра. Истите во Германија се продаваат за 91 евро поскапи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK