Избрани финалистите на „Автомобил на годината во Македонија за 2021„

ОБЈАВЕНО НА:

Најстарата манифестација во Македонија, изборот за „Автомобил на годината во Македонија“ годинава ќе се одржи по 26. пат. Националното Жири за Избор на Автомобил на годината ги избран финалистите кои ќе бидат во конкуренција за наградата.

Следниве возила влегуваат во финалето (по азбучен редослед):

Citroen C4
Land Rover Defender
Nissan Juke
Peugeot 2008
Skoda Octavia
Seat Leon
Toyota Yaris
VW Golf

Според однапред утврдената динамика следуваат и во тек се деталните запознавања со финалистите. Прогласувањето на победникот ќе биде на крајот од февруари 2021 година.

Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија годинава по 26. пат го организира Изборот, и истиот е најстар и единствен Национален Избор.

Покрај наградата „Автомобил на годината во Македонија“, ќе биде доделено и признанието
* „СУВ автомобил на годината“
*„Томислав Биљарац“ – признанието за посебни достигнувања во автомобилската индустрија
* EV на годината – признание на модел кој ќе донесе најмногу новитети во однос на електрификацијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK