Време е за одмор: Не ја заборавајте патната аптека на летување

ОБЈАВЕНО НА:

Патната аптека за летување за повеќето вообичаено не е прва од сите важни подготовки потребни за летување, но дефинитивно е една од неопходните за мирен одмор. Особено ако патувате со деца.

Потребно е да бидете подготвени и со вас да имате од сẻ по нешто со цел денот од одморот да не го поминете во потрага по локална аптека, каде може и нема да успеете да се разберете со фармацевтот. Летото е пред нас, и треба да се подготвиме за плажа, сонце и многу забава.

Но, што да се спакува во патната аптека треба да одлучиме пред да тргнеме во аптеки.

Првиот и многу важен чекор при посетата на аптеката е да се одберат производи на производител кому му верувате, кој го познавате и чиј квалитет на производи е докажан и постојан. Галеника, производител чии производи ги користиме веќе 77 години е фармацевтска компанија која е посветена на луѓето и верна на здравјето.

Фармацевтот во аптеката, пак, може да ви помогне со секоја дилема што ја имате за начинот на користење на производот.

Составот на патната аптека треба да се прилагоди и на стилот на одморање – мирна недела покрај море или одмор исполнет со адреналин на планина. Но ова се основите производи што треба да ги имате со вас.

МАЧНИНА
Не секој добро го поднесува патувањетo. Во Вашате аптека имајте и лек кој ќе ја превенира мачнината, повраќањето или вртоглавицата. Нашиот избор е dimenhidrinat. Може да се користи и за деца со претходна консултација со лекар.

НАСТИНКА
Кога симптомите се на почеток доволно е некој домашен лек, на пример карамелизирано млеко да го смири грлото. Но, добар избор е подигнување на имунитетот за организмот подобро да се справува со настинките. Може да користиме Oligovit за подигнување на имунитетот и комбинација на ibuprofen со pseudoefedrin за справување на симптомите на настинка.

ЛЕК ЗА БОЛКИ И ТЕМПЕРАТУРА
Вообичаено дома секој има парацетамол, истиот претставува прв избор кој помага и за намалување на болките и за регулирање на телесната температура.

ПАТУВАЧКА ДИЈАРЕА
При патување, поради промената на средината често знае да дојде до појава на дијареа. Користењето на пробиотик пред и за време на патувањето е секогаш вистинско решение за регулирање на цревната флора и заштита од појава на дијареа како и третман на истата. Од богата понуда на пробиотици во аптеките, одбравме пробиотик од семејството на Flonivin.

НЕГА НА КОЖАТА ПОСЛЕ СОНЧАЊЕ
После млеко за сончање со висок заштитен фактор, кожата треба да се потхрани и подготви за следното излегување на сонце. Pantenol и Pantenol Pena се одличен избор за смирување на кожата после сончање и нејзина хидратација. Одлично надополнување за нега на кожата, особено за изгореници од сонце, каснување или разни иритации на кожата е Jekoderm.

АЛЕРГИИ И УБОД НА ИНСЕКТИ
При појава на осип предизвикан од алергиска реакција или убод од инсект еден од лековите од избор е desloratadine. Во форма на таблети и сируп прилагодени форми за возрасните и децата.

АНТИБИОТИК
Вообичаено и лекарите не препорачуваат со себе да носите антибиотик. Ако постои потреба, најдобро е да посетите лекар, кој ќе ви објасни дали е потребен антибиотик или само симптоматска терапија.

Убав и безбеден одмор!

Следете не и на:

24AUTO NETWORK