Германците ги фрлаат дизел возилата во депонии (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Дизел транспортот се наоѓа пред колапс, а ова особено се однесува за Германија. Поради забраната за користење на возила со такви мотори, сопствениците на дизел возила во поголемите германски градови масовно бараат начин како да се ослободат од нив.

Депонии се преполнети со нормални автомобили, кои нема како да бидат продадени иако се во долична состојба. Сите возила се со околу 10 години старост, а некои се со поминати околу 100.000 километри. Според законите во Германија, треба да бидат отстранети бидејќи немаат право да се движат низ големите градови. Причината е во тоа што не одговараат на новите еколошки новми воведени во текот на минатата година.

„Повеќето од фрлените возила дури и немаат десет години. Меѓу нив се возила од брендовите Audi, BMW, Volkswagen, а проблемот е што нивните сопственици треба да ги укинат бидејќи барање на секундарен пазар за нив нема, а користењето во големите градови е забрането. Затоа и нивното предавање во отпад е најлесно за да се добијат барем некакви пари“, се вели во репортажа направена за случајот со дизел возилата во Германија.

Многу земји особено од Источна Европа се надеваа дека дел од овие возила можеби ќе можат да ги искористат и да ги донесат. Тоа важи и за Русија како земја каде особебо се бараат германските дизели.

Меѓутоа, проблемот е и во тоа што компаниите кои ја извршуваат оваа активност се преполни со автомобили. Затоа  многу Германци решаваат директно да ги фрлат автомобилите во депонии.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK