Во Косово открија култни возила од BMW зафрлени во склад (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

За теми со ваков наслов најчесто се пишувало за случувања во САД, а многу помалку во Европа. Но, ете и кај нас во соседството има „скриено богатство“. Сосема неочекувано во Косово беа откриени два автомобили, кои одамна го користат култниот статус меѓу почитувачите на баварскиот бренд. Станува збор за моделот BMW M3 Е30 и поконкретно за двата примероци, едниот од нив е тјуниран.

Сè уште не е познато како овие возила од BMW завршиле во Косово и тоа во напуштен склад меѓу ѓубре и отпадоци. Не е познати и од каде овие примероци M3 Е30 се стигнати во Кocoвo.

Се разбира, многу од автомобилите од половниот пазар од цела Европа се внесуваат во земји како Косово, Македонија, Србија и Бугарија, но во овој случај се зборува за вистински колекционерски автомобили.

Судејќи според фотографиите, кои се достапни на интернет, возилата кои се во прашање се во лоша состојба. Според експертите нивното обновување не е невозможно, но ќе биде многу тешко.

Јасно се гледа дека едниот од автомобилите бил подложен и на дополнително оптичко подесување, но не се знае дали има и дополнително засилување на моќноста. BMW M3 Е30 возилата располагаат со четирицилиндрични мотори со моќност од 192 до 235 коњски сили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK