Отсега точење гориво во Куманово на најсовремена пумпа на Макпетрол

ОБЈАВЕНО НА:

По повеќе од едномесечно реновирање повторно е во функција бензинската станица на Макпетрол на влезот во Куманово. Тоа е една од најфрекфетните пумпи во Македонија, особено што речиси сите при напуштање на земјава оваа бензинска станица ја користат за долевање гориво.

Со повторното пуштање во функција на пумпата Макпетрол продолжува со концептот на создавање на мултифункционални бензински пумпи кад епокрај висококвалиттено гориов има и дополнителни содржини.

Пумпата во Куманово е меѓу Топ-3 според прометот на гориво во цела Македонија од пумпите на Макпетрол. Сега откако истат е целосно реновирана и со зголемен капацитет менаџменот на компанијата очекува и зголемување на прометот за најмалку 10 отсто.

Зголемен е бројот на пиштоли за точење на гориво и сега има 50 што значи и понуда на речиси се од горивата, бензин, дизел, плин и метан. Можат да се полнат 14 возила што значи повеќе услужени корисници.

Компанијата најави дека следна за реновирање е станицата во Штип.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK