Се бара: Ferrari F40 на синот на Садам Хусеин

ОБЈАВЕНО НА:

Садам Хусеин беше поранешен претседател на Ирак. Учествувал во револуцијата во 1968 година преку која доаѓа на власт, но исто така учествува и во многу воени конфликти. При тоа во 2005 година му се суди за геноцид и злосторство против човештвото при што се товари за убиство на околу 182 илјади курди при операцијата Анфал. Умира година подоцна.

И покрај тоа што има поминато 14 години од неговата смрт, неговото име се уште е актуелно како во Ирак така и на меѓународната сцена.

Наспроти политичкиот контекст во кој постојано се става, сега тој, преку неговиот син е поврзан со вест од автомобилизмот. Најзаслужен за тоа е YouTuber-от Ratarossa кој започна потрага по Ferrari F40, автомобилот на Удај Хусеин, синот на Садам.

Удај како командант на воените сили на Ирак загинува во 2003 година при акција на американските сили. При тоа зад себе остава примерок на Ferrari F40 кој за последен пад е виден на улиците во Багдат во 2011 година.

Сега вој YouTube-ер преку видео објавено на оваа мрежа бара помош од секој оној кој има било каква информација. Дали ќе успее во овој подвиг останува да видиме.

Апаратите и телефоните во рака и…. ако видите сличен автомобил…

Следете не и на:

24AUTO NETWORK