Citroen C3 во Saint James едиција

ОБЈАВЕНО НА:

Францускиот производител Citroen и модниот бренд Saint James ги здружија силите и создадоа специјална едиција на моделот C3. Како базичен модел е земен C3 со Shine ниво на опременост. Задржана е трибојната каросерија во кремаста, црна и бела боја. Во внатрешноста, но и екстериерот поставени се неколку беџови на Ст. Џејмс.

Во внатрешноста доаѓа со визуелно подновени седишта и стандардниот 7,0 инчен екран. Доаѓа со повеќе опрема од основнит модел како предни и задни паркинг сензори, сензор за мртов агол, напуштање на сообраќајната лента итн.

Во понудата доаѓа со 1,2 литарскиот бензински мотор во верзија со 82 КС и 5 степен мануелен менувач како и 109 КС и 6 степен автоматски менувач.

Овој модел е веќе достапен за купување во Велика Британија каде почетната цена изнесува 16.755 фунти. Ќе биде произведен во ограничена серија, а ќе се продава само во неколку европски земји.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK