Lotus Evija инспирирана од болидот на Аиртон Сена

ОБЈАВЕНО НА:

Lotus на овогодинешното издание на “Недела на автомобилизам” во Монтереј претстави специјална верзија на моделот Evija инспирирана од Формула 1 болидот кој во 1987 година го возеше легендарниот Аиртон Сена.

Она што е карактеристично за овој модел е жолтиот екстериер со сини детали, исти онакви од болидот на легендарниот Бразилец со кој победи на трката за Големата награда на Детроит.

Во однос на техничките карактеристики, овој спортски автомобил ќе биде опремен со четири електромотори кои заедно ќе продуцираат 2.000 КС и 1.700 Nm вртежен момент. При тоа до стотка ќе забрзува за помалку од 3 секунди додека пак максималната брзина е поголема од 300 кмм/ч.

Инаку ќе бидат произведени само 130 примероци кои ќе бидат произведени во Велика Британија. Продажната цена не е објавена, но се очекува да биде најскапата верзија на Evija.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK