Stellantis ќе донира 1 милион евра за украинските бегалци

ОБЈАВЕНО НА:

Stellantis преку својата Фондација, денеска објави дека ќе одвои 1 милион евра хуманитарна помош за поддршка на украинските бегалци и цивили раселени од актуелната криза. Со поддршка на оперативниот шеф на Stellantis во Украина, компанијата ќе се потпре на локална невладина организација за поддршка на Украинците во користењето на овој фонд.

„Stellantis го осудува насилството и агресијата и, во ова време на невидена болка, наш приоритет е здравјето и безбедноста на нашите украински вработени и семејства“, рече извршниот директор на Stellantis, Карлос Таварес.

„Извршена е агресија што го потресе светскиот поредок. Заедницата Stellantis составена од 170 националности, гледа со вознемиреност додека цивилите бегаат од земјата. Дури и ако размерите на жртвите сè уште не се очигледни, човечките жртви ќе бидат неподносливи“.

Stellantis има 71 вработен со седиште во Украина и веднаш формираше посветен тим за 24/7 поддршка за активно следење на нивното здравје и безбедност. Во овој момент сите се безбедни.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK