Ова ни треба и нас: Пајак за катни гаражи (Фото + видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Се нервирате со некултурните возачи кои не ги почитуваат правилата за паркирање во катните гаражи или на јавните паркинзи во трговските центри. Паркирани возила на места за хендикепирани, или паркирани на месо каде не е дозволено или пак уште пострашно зафаќа две паркинг места. За жал многу малку може да се стори, бидејќи освен предупредување, залепено ливче на стаклото друго и не може да се стори.

Во ваква ситуација не може ниту пајак службата да интервенира бидејќи камионот не може да влезе во гаражата, тешко се маневрира во вакви места, па се некако си минува без многу бука. Но, ова наскоро може да се смени, и сите да внимаваат кога паркираат на вакви затворени паркинзи.

Видео 1

EasTract на француската компанија со исто име ги решава проблемите со простор и маневрирање. Машина со гасеница е хибрид помеѓу вилушкар и возилто за преместување. Тој влегува под автомобилот го подига и може слободно да го премести, па и да го изнесе од гаражата без ризик од оштетување на каросеријата.

Машината е контролирана со далечински управувач и може да се вози речиси насекаде, а гасениците обезбедуваат одличен зафат на кој било под. EasTract е 3.520 м. долги, 1.800 м. широк и 1.280 метри висок.

Видео 2

Mise en route Eastract Fourriere de Paris et démo pour le service de déminage

Публикувахте от Eastract Cartract в Петък, 1 юни 2018 г.

Уредот се придвижува со мотор на Хонда од 22,4 КС кој овозможува максимална брзина од 3,5 км/ч. EasTract може да ги движи автомобилите со тежина до 2,5 тона со максимален агол од 17 ° (30%) и да ги товари директно на шлеп возило, и троши 6,5 литри бензин на час.

Кога би имало вакво кај нас, сигурно и културата на возење ќе биде поинаква.
Го чекаме со нетрпение!

Следете не и на:

24AUTO NETWORK