Renault доби финансиска помош од владата

ОБЈАВЕНО НА:

Renault Групацијата и официјално ја доби држажвната помош откако го потпиша договорот со француската комерцијална банка. Renault преку оваа банка аплицираше за државна помош во висина од 5 милијарди евра.

Иако официјално никој не ја потврдува оваа информација, а портпаролот на Renault одби да коментира, француските медиуми пишуваат дека сé e готово и се чека францускиот министер за економија да го потпише одобрението за заем. Тоа секако не би требало да биде проблем ако се знае дека 15% од Renault е во сопственост на Владата на Франција.

Инаку од финансиска гледна точка, Renault во првиот квартал годинава забележа намалување на приходот од 19%, но значителен пад се очекува во наредниот период.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK