Колку е голем багажникот: Ги објавуваат ли произведувачите вистинските вредности?

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот автоклуб ADAC спровел големо истражување и успеал да дојде до заклучок дека произведувачите на автомобили не ја означуваат правилно големината на багажникот на своите автомобили. На пример, багажникот Volkswagen Sharan е ни повеќе ни помалку туку 325 литри помал од наведеното. Сепак, и другите произведувачи исто така понекогаш не се ништо подобри во овој дел.

Volkswagen за Sharan го одредува капацитетот од 955 литри, но мерењата на ADAC покажуваат дека е само со капацитет од 630 литри. Кај Volvо XC90 постои разлика од 240 литри меѓу спецификацијата на произведувачот и практиката. Разликите се прилично мали за моделите од поевтиниот сегменд. На пример, багажникот на Daciа Duster е само четири литри помал од наведениот.

Според ADAC претерувањето главно се случува кај поскапите модели, кај кои произведувачите на автомобили великодушно ја заокружуваат големината на багажникот. Разликите се помали кај компактните автомобили или лимузини отколку кај СУВ и комби возилата. Најмалите модели, каок Toyotа Aygo, понекогаш имаат и поголем багаж никот отколку што има одредено прозводителот.

Понекогаш големите разлики меѓу податоците на произведувачот и мерењето на ADAC е последица на фактот дека некои произведувачи, на пример, додаваат исечок од резервната гума во волумен на багажникот. Затоа се препорачува потрошувачите да земаат податоци од произведувачите само како упатство и секогаш да се обидуваат да видат дали важни, поголеми предмети како детски колички и слично ќе успеат да бидат собрани во багажниокт при купување на автомобилот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK