Ќе паѓа цената на горивото: Возењето на струја ќе ја намали побарувачката за нафта за 70%

ОБЈАВЕНО НА:

Ненадејното префрлање на електричние возила кои ќе ги предводи Кина ќе го намали глобалниот раст на побарувачка за нафта за 70 отсто до 2030 година. Ова го покажува истражувањето на консултантската куќа Carbon Tracker.

За десет години Кина би можела да заштеди повеќе од 80 милијарди долари од трошоците за увоз на нафта на годишно ниво благодарение на сè поконкурентните возила со погон на нови извори на енергија (NEV).

Пресметката се базира на „конзервативното“ сценарио на Меѓународната агенција за енергија (IAE), која предвидува дека електричните автомобили до 2030 година ќе сочинуваат 40 проценти од вкупната кинеска продажба на автомобили како и 20 проценти од продажбата во Индија и другите пазари во развој.

Трошоците за увоз на нафта потребни за производство на гориво за просечен автомобил е за десет пати поголем од набавката на соларна опрема потребна за производство на струја за погон на електричното возило.

„Тоа е едноставен избор меѓу зависностите од скапа нафта која проиведува странски картел и домашна електрична енергија од обновливи извори чија цена паѓа со текот на времето“, вели главниот автор на извештајот, Кингсмил Бонд.

Електричните возила играат клучна улога во настојувањето на Кина да ги намали гасовите кои ја менуваат климата и да го подобри квалитетот на воздухот во градовите. Индија исто така постави амбициозни цели за продажба на таквите возила до 2030 година.

Кина уште нема одредено кога точно ќе го забрани производството и продажбата на традиционални автомобили, но неименуван кинески  претставник во индустријата вели дека новите електрични возила до 2035 година ќе чинат пола од вкупната продажба на сите нови автомобили, додека остатокот ќе бидат хибридни автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK