Како изгледа паркингот на запленети возила во Монако (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Видео направено од страна на познатиот блогер Shmee150 собра голема популарност на интернет. Станува збор за казнениот паркинг во Монте Карло каде што се собрани над 70 супер автомобили.

Скапите и елитните возила се донесени со пајак служба од различни места во кнежевството. Интересно е уште дека многу од автомобилите се на казнениот паркинг не само поради неправилно паркирање туку и поради тоа што кревале премногу врева (законот во Монте Карло предвидува казна и за тоа).

Во видеото може да се видат многу супер автомобили од брендовите Ferrari, Lamborghini, McLaren, Porsche, а исто така и скапи примероци, дело на Mercedes, BMW и Audi.

После акцијата во која се однесени на паркингот, елитните автомобили таму престојувале 4-5 дена, а за да можеле да си ги земат сопствениците морале да платат солидни казни.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK