Како изгледаат Mercedes, Bugatti, Lamborghini, Maserati, Fiat… изработени од метален отпад

ОБЈАВЕНО НА:

Ви треба само малку иновативност, време и многу мерак и од се може да направите нешто убаво, па дури тоа да е отпад. Звучи подобро кога ќе се каже отпад, иако реално станува збор за ѓубре, фрлено од бројни метални машини, возила…. Кога тоа ќе стигне до рацете на уметници кои имаат визија тоа станува уметничко дело.

А кога на списокот на уметнилите дела ќе се додадат Mercedes 300 SL, Bugatti Veyron, Lamborghini Aventador, Maserati GranTurismo тогаш веќе станува збор за повеќе од уметност, и се изгледа така реално.

Gallery of Steel Figures

Педесетина уметници од цел свет се собрале во полскиот град Пружков во близина на Варшава и од локалниот автомобилски отпад земале се што им е потребно за изработката на овие уникатни уметнички дела.    

Педесетина уметници од цел свет се собрале во полскиот град Пружков во близина на Варшава и од локалниот автомобилски отпад земале се што им е потребно за изработката на овие уникатни уметнички дела.

И не само автомобили туку и мотор кој е толку сличен со оригиналот. Покрај репликите на автомобили тие изработиле и еден мотоцикл и неколку клипови кои потсетуваат на ликовите од Predator и Alien.

А во градот во кој почна се, Пружков е отворена галерија наречена Gallery of Steel Figures каде го има сето она што е направено. Истите реплики од возилата беа дел од саемот во Дубаи во 2017 година.

Ако не сакате да гледате само автомобили сигурно ќе ви се допадне некоја од другите креации што се наоѓаат во музејот.

 

 

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK