Како да се одбраните од крадци: Обележете ги прозорците, скријте стар телефон за следење

ОБЈАВЕНО НА:

Повеќето сопственици на автомобили веројатно знаат ред на работи како да го заштитат своето возило од кражба, а тоа се: аларм, GPS-следач и други современи уреди. Има и други, не толку високи технолошки средства, кои ќе го направат вашиот автомобил помалку привлечен за потенцијалните крадци.

Покрај тоа треба да се има предвид дека во последно време, криминалците сè повеќе се интересираат за автомобили од средната класа, а не од премиум.

Специјалистите презентираат шест лесни начини за да го обезбедите вашето возило, кои лесно и ефективно ќе ви помогнат да го зачувате од возможен престап.

При паркирање завртете ги гумите во некој од правците

Во дадениот случај за крадците ќе биде потешко да ја повлечат вашето возило.

На тој начин, злосторниците ќе треба да изгубат доста повеќе време за да го украдат вашето возило, а тоа може да е доволно затоа тие да го загубат интересот за вашиот автомобил.

Автомобилска аерографија

Сите не сакаат автомобилот да им биде исцртан, но незаборавниот автомобил по правило ги плаши крадците.

Овие автомобили се издвојуваат во сообраќајниот метеж, и ако сопственикот дејствуа брзо тогаш крадците едноставно нема да можат да достигнат до своето скришно место.

Покрај тоа, тие нема да можат ведаш да ги продадат со оглед на тоа што имаат одредени слики и ќе мора прво да ги префарбаат, па дури потоа да ги продаваат. Ова ги намалува приходите, бара повеќе време и го комплицира престапот.

Спакувајте го електронскиот клуч во фолија

Уредите, кои ги фаќаат сигналите и во крајна сметка им дозволуваат на крадците да го украдат возилото без клуч, многу лесно може да бидат купени на интернет.

Кога клучот е во пределот на досегаот на овие уреди, престапниците може да го копираат кодот и со леснотија да го украдат вашиот автомобил.  За да ги заштитите клучевите од слични хакерски напади, замотајте ги во алуминиумска фолија, додека сте дома. Металот ќе помогне за сигналот да биде блокиран.

Означете ги прозорците

Многу сервиси во моментов нудат услуги за обележување на стаклата и огледалата со помошна идентификациски број на автомобилот. Овој трик значитено го намалува ризикот од кражба.

Ќе бидат неопходни пари и време за да се сменат ситестакла, што го прави крадењето не толку рентабилно.

Чувајте го својот автомобил

Исто така постои и таканаречена теорија на скршените прозорци, според која присуството на некаков неред помага за идниот развој на нарушувањето или извршувањето на престапот.

Ако вие оставите чист, добро одржуван автомобил дури и во најопасниот реон на вашиот град, тоа најверојатно ќе си остане недопрено доста долго време. Од друга страна, ако тој има скршен фар или стакло, тој ќе биде украден за час.

Гражата за автомобилот говори за тоа дека сопственикот се држи кон него, што значи дека најверојатно ќе има добар аларм, а сопственикот брзо ќе забележи ако автомобилот исчезне.

Скријте го стариот телефон во автомобилот

Ова е помогне да се следи локацијата на автомобилот акој тој биде украден. Обезбедете се дека телефонот е вкјлучен и наполнет.

Исто така се препорачува тој да биде синхронизиран со Google и така натаму, за да може потоа автомобилот да биде пронајден со функцијата „најдете го уредот“.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK