Италијански град забрани користење Google Maps

ОБЈАВЕНО НА:

Градоначалникот на Баунеи, мало гратче лоцирано околу 100 км северо-источно од Каљари, Сардинија, го забрани користењето на Google Maps на жителите и туристите кои патуваат во овој град и неговата околина.

Причината за оваа одлука која е повеќе препорака отколку забрана, произлегува од тоа што многу возачи заглавиле користејќи ги дирекциите кои биле предложени на Google Maps.

“Премногу автомобили се заглавуваат на непроодни патеки и ето тоа затоа што ги следат предлозите на Google Maps кои ги носат возачите во заблуда” изјави Салваторе Коријас, градоначалникот на Баунеи за италијанската новинска агенција АНСА.

Претходната година дури 144 лица побараа асистенција од надлежните служби за извлекување од тешките патеки. Истите овие возачи ги следеле дирекциите на Google Maps, а според Коријас, градот морал да ангажира дополнителни спасители за извлекување на заглавените возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK