петок, 25 јули, 2025 година

На луксуз се учи од мали нозе – Бебешка количка на Mercedes-AMG GT

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Брендирање на различни предмети од секојдневието од страна на познатите автомобилски брендови не е несекојдневно. Некои од нив дури и одлично тоа го наплаќаат. Брендирањето на Mercedes-AMG се користи и во серија колички за деца од висока класа во соработка со Hartan. Специјалната верзија на количката AMG GT ќе се произведува само во 299 примероци ширум светот.

Се вели дека количката е развиена во тесна консултација со одделот за дизајн на Mercedes-Benz. Слично на вистинскиот AMG GT, и количката доаѓа со кул комплет AMG бандажи со вкрстени краци и тапацир Dinamica за влошката на седиштата. Во споредба со претходните колички од колекцијата AMG, жакард ткаенина на специјалното издание има AMG шема на црна позадина, што одговара на премиум преклопната торба што доаѓа со неа.

- Advertisement -

AMG брендингот може да се најде на двете страни на алуминиумската рамка и во форма на рефлектирачки конец на преклопниот џеб. Понатаму, специјалното издание доаѓа со оригинален амблем AMG – истиот што се користи на возилата.

Како и сите модели од Hartan, и AMG GT доаѓа со вртливи тркала што се заклучуваат, суспензија, рачна сопирачка, преклопна крошна, прилагодлива единица за седишта и џебови за складирање на вашите лични предмети како паметен телефон, клучеви, паричник, шише со вода итн.

Доколку сте заинтересирани за количка AMG GT, ќе можете да ја најдете во одредени продавници за бебиња почнувајќи од јули 2022 година. Нема никакви информации за цените, но со оглед на ограничената достапност на специјалното издание, ne се сомневаме дека ќе бидaт поскапи од стандардна количка.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја