Необично возило oд Renault се појави на улиците на Мадрид

ОБЈАВЕНО НА:

Низ главниот град на Шпанија бил забележан необичен автомобил од компанијата Renault, а возилото едноставно „прошишало“ покрај пешаците и го привлекло вниманието на сите. Се работи за концепциски модел, каков е поверојатно да се види на штанд на саем или во краен случај во витрините на авто салоните. Сепак, среќниците кои во тие моменти биле на улиците во Мадрид можеле да го видат интересното возило.

Од она што може да се забележи се работи за транспортно возило за иднината, а истото било управувано со помош на пулт за управување на дистанца.

Сосема извесно е дека се работи за автомобил со автономно управување кој најверојатно е опремен и со електромотор. Многу е веројатно и дека возилото ќе биде покажано и на саемот во Женева во март.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK