Тизер: Lotus го најави Type 131

ОБЈАВЕНО НА:

Британскиот производител Lotus Cars објави тизер фотографија од најновата нивна креација именувана како Typ 131.

Станува збор за модел кој ќе биде нуден во три различни верзии и всушност претставува замена за моделите Elise, Exige и Evora чие производство завршува кон средината на оваа година.

Направен е на нова платформа која користи и хибриден погонски систем со околу 500 КС. Дел од системот е и V6 моторот развиен од страна на Toyota.

Како ривал на Porsche 911, овој модел во производство ќе влезе кон крајот на оваа година, а првите испораки се закжани за почетокот на следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK