И тоа може: Во Mercedes 300 E ставија мотор од BMW M

ОБЈАВЕНО НА:

Навидум изгледа обичен Mercedes, но само однадвор. Во себе има срце од најголемиот конкурент BMW M. Вообичаено вакви „експерименти“ прават на Исток, но овојпат стигнува од Германија од тјунинг работилницата Hartage. Тие од 1971 година па до средината на 2019 година беа фокусирани на тјунирање на возила на BMW, Mini и Range Rover.

Браќата Хартж (Hartage) ја освоија славата за со размената на „диви мотори“, кои во најголем дел се состоеа во земање на масивни мотори од поголемите модели на BMW, нивно тјунирање и потоа враќање во каросерија на помали модели.

Hartage ги поставија инженерските граници на тоа што е можно, сè додека привлекуваше фантастично внимание. Но, дали знаевте дека Hartage еднаш поставиле мотор од BMW M88 во Mercedes Benz 300E од генерацијата W124? Да, браќата го сторија тоа само еднаш и тие го именуваа автомобилот Frankenstein Hartage F1.

Tоа се случи во 1988 година кога специјалистите за тјунирање решија во шасијата на Mercedes Benz 300E да стават шестцилиндричен мотор од BMW M88. Toa e моторот што стана славен во BMW M1, M635CSI и E28 M5.
Компанијата за тјунирање го извади стандардниот мотор од Mercedes со 178 КС и неговиот менувач, и го замени со комплет од М88 и со мануелен менувач од E24 BMW 6 Series.

Tака се случи сега да има мотор со 3.545 см3 и 325 КС со 350 Нм. вртежен момент. Новиот ѕвер сега имаше импресивни перформанси и забрзуваше до 100 км/ч. за 6 секунди и имаше максимална брзина од 300 км/ч.
Ревидирана беше и шасијата со поставување спортска суспензија Bilstein за подобрување на управувањето. Внатрешноста беше надградена и со нова дрвена облога на таблата, централната конзола и предните врати, како и спортски седишта обложени со сопствен тапацир и волан на Hartage.

Моделот е уникатен, и сега се продава. Ќе биде понуден на аукцијато во Есен закажана за 24-27 јуни. Нема никаква реставрирања и досега возилото има поминато 131.307 км. Се разбира постои и документација за она што се продава.

Сега останува прашање, кој ќе го купи. Некој што е фан на BMW или на Mercedes?

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK