Volkswagen демантира дека ќе ја купат Tesla

ОБЈАВЕНО НА:

Веќе неколку денови актуелни се пишувањата според кои Volkswagen Групацијата ќе го купи американскиот технолошки гигант Tesla.

Иницијално, оваа информација во јавноста ја пласираше германскиот бизнис магазин Manager Magazin кој објави дека првиот човек на VW, Хербер Диз е цврсто заинтересиран за купување на акции во Tesla.

Сепак, овие информации ги демантираше портпаролог на германската компанија кој во пишаниот демант испратен до Reuters во целост ги отфрли овие пишувања оквалификувајќи ги како невистини шпекулации.

“Шпекулациите за купување на акции во Tesla објавени од страна на Manager Magazin се бесмислени” стои меѓудругото во демантот на веста.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK