Ford Mustang се враќа во кинo – филмot „Bullitt“ ќе го режира Стивен Спилберг

ОБЈАВЕНО НА:

Во филмовите често автомобилите се во „главна улога“. Ford Mustang има неколку филмски појавувања од своето деби во 60-тите години од минатиот век. Но, од сите улоги во Холивуд, неговата изведба во потера во филмот „Булит“ беше веројатно една од најнезаборавните. Толку многу што Ford создаде дури три мустанзи кои го повторуваат моделот што го возел Френк Булит.

Ако сте љубител на филмот, Mustang Bullitt или ликот на Френк Булит, има добри вести. Според информациите објавени од Deadline Hollywood, Стивен Спилберг наводно ќе го режира новиот филм „Bullitt“.

Американските медиуми прецизираат дека новиот филм „Булит“ нема да биде римејк на опусот објавен во 1968 година. Попрво ќе биде оригинална приказна фокусирана на Френк Булит, главниот лик кој го игра Стив Меквин. Кристи Макоско Кригер ќе го продуцира филмот заедно со Стивен Спилберг. Сценариото ќе го напише оскаровецот Џош Сингер.

За потсетување, ликот на Стив Меквин беше полициски инспектор од Сан Франциско кој ги бараше шефовите на мафијата кои го убиле сведокот на случајот на кој тој работел. Оваа улога се сметаше за пресвртница во кариерата на Стив Меквин, особено благодарение на оваа сцена на потера која и денес се смета за една од најамблематичните во историјата на кинематографијата.

Ќе видиме ли нова сцена со потера во овој нов опус? Тоа е повеќе од веројатно, но бидејќи не е римејк, сценариото ќе биде поинакво. Згора на тоа, Стивен Спилберг е повеќе љубител на бркотници со автомобили, што веќе го покажа во неколку други филмови како „Raiders of the Lost Ark“ или „Minority Report“.

Неколку извори за Deadline Hollywood велат дека сè уште нема сценарио и дека договорите се уште се во процес на потпишување. Новиот „Булит“ затоа нема да излезе за неколку години.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK