Infiniti ја најави втората генерација на QX60 (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Уште во септември минатата година Infiniti со објавување на студијата QX60 Monograph потврди дека работи на втората генерација на моделот QX60. Сега, по неколку месеци го објави првото тизер видео со кое го најавува продукцискиот модел.

Иако од тизер видеото не може да се утврди изгледот, новиот QX60 доаѓа со целосно нов, внатрешен и надворешен дизјн.

Втората генерација доаѓа уште оваа година, а потврдено е дека централно место ќе заземе 3,5 литарскиот V6 мотор кој продуцира 295 КС, а кој доаѓа во пар со новиот девет степен автоматски менувач.

Инаку актуелната, прва генерација на овој модел е претставена во 2012 година по дизајн на Најуки Окоши од 2009 година. До денес се претставени четири редизајни, а главниот пазар на овој модел е САД и Кина.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK