Dacia Sandero e втор најпродаван модел во Франција

ОБЈАВЕНО НА:

Вистински победник во февруари во Франција е Dacia која оствари пораст од 25,8% испорачувајќи 9.582 нови возила. Sandero е продаден во 13.289 примероци со што е вториот најпродаван модел за 2021 година во Франција

Новиот бран на коронавирусот си го направи своето, продажбата во февруари во Франција се намали за 21%, покажуваат официјалните податоци. Така во минатиот месец ширум Франција се продадени 132.637 нови возила.

Вистински победник е Dacia која оствари пораст од 25,8% во февруари испорачувајќи 9.582 нови возила. Сепак и натаму, најпродаван бренд е Peugeot кој продаде 26.750 нови автомобили. Следи Renault со 18.735 нови автомобили додека на третата позиција е Citroen со продадени 13.947 возила. Најголем процентуален пад на продажбата во февруари оствари Opel од 51,3%.

Најпродаван модел во февруари е Peugeot 208 со 8.099 примероци. Следи моделот 2008 со продадени 6.846 примероци додека на третата позиција е Citroen C3 со продадени 6.330 примероци. Во најпродаваните 10 модели за минатиот месец се наоѓаат уште: Dacia Sandero, Renault Clio, Renault Captur, Peugeot 3008, Peugeot 308, Toyota Yaris и Renault Twingo.

Доколку се анализираат податоците за првите два месеци, најголем победник е Dacia кој оствари пораст за 55,9% продавајќи 20.999 нови автомобили на францускиот пазар. Најголема заслуга има новата генерација на моделот Sandero кој е продаден во 13.289 примероци со што е вториот најпродаван модел за 2021 година во Франција.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK