Во чест на Porsche 911 Carrera RS 2.7 специјална серија на патики Puma

ОБЈАВЕНО НА:

Porsche и Puma објавија дека соработуваат на специјална серија патики за да ја прослават 50-годишнината од легендарниот Porsche 911 Carrera RS 2.7

Честа е соработката на автомобилските компании и производителите на облека и обувки, и промовирањето на производ кој потоа влегува во продажба, и се однесува на облекувањето на луѓето. Една таква соработка сега има меѓу Porsche и Puma, за специјална серија на патики во чест на 50 годишнината од легендарниот модел Porsche 911 Carrera RS 2.7.

Првпат претставен во 1972 година на Саемот за автомобили во Париз со широко признание, возилото го доби името во чест на друмската трка Carrera Panamericana, во која Porsche победи во својата класа во 1954 година со 550 Spyder. Првото Porsche што го носеше името Carrera, кога беше пуштено во продажба, 911 Carrera RS 2.7 беше најбрзото сериско возило што излезе од Германија со максимална брзина од 152 mph (245 km/h).

За да го прослави тоа наследство, Puma ја создаде Puma x Porsche Suede RS 2.7, кој ќе биде ограничен на само 500 примероци по боја. Тоа ограничено сериско производство е првата ода на специјалниот спортски автомобил, од кој Porsche направи само 500 примероци за да ги задоволи прописите за хомологација на Групата 4.

Патиките се нудат во 10 бои инспирирани од опциите за боја достапни за клиентите на 911 Carrera RS 2.7 во 70-тите. Осум комбинации на бои на патиките ќе бидат достапни ширум светот, додека портокаловите и црните чевли ќе се продаваат ексклузивно во Холандија, а белиот и црниот пар ќе бидат понудени исклучиво на јапонските клиенти.

Покрај боите, патиките ќе добијат и мотив RS 2.7 на задната страна, а покрај страните на петицата е името на Porsche и натписот што ги идентификува како една од 500-те патики во ограничена едиција. Внатре, пак, влошката има слика на Porsche 911 Carrera RS 2.7 испечатена на неа.

Во Франција Puma x Porsche Suede RS 2.7 се продава за 120 евра (127 американски долари по тековниот курс). За таа сума, освен чевли, добивате и бесплатен влез во музејот на Porsche до крајот на 2022 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK