Најлошите денови за автомобилската индустрија доаѓаат

ОБЈАВЕНО НА:

Недостатокот на компјутерски чипови се продлабочува сè повеќе, и автоомбилските компании се принудени да ги затвораат фабриките и да го запрат производството на одделни модели и додатоци.

Се чини дека најлошите денови за автомобилската индустрија сè уште не се дојдени, откако експертите кажаа дека во иднина ќе има недостигање на полупроводниците, а тоа најмногу ќе биде почувствувано во втората половина на годината.

Тоа ќе доведе до кратење на производството со околу 3,9 милиони примероци, што ќе чини околу 110 милијарди долари на различни компании.

За автомобилите може да се најдат во просек по околу 1.400 чипови, што може да се види според бројот кој варира според различни модели. Со навлегувањето на електричните автомобили и помодерните системи и технологии, кои се вградени, таа драматично ќе расте.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK