Skоdа има велосипед без педали

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Skоdа претстави концепциски хибрид меѓу велосипед и hoverboard. Електричниот Klement нема педали и се управува  од чекорите, кои го забрзуваат тркалото при наклон кон напред.

На кормилото недостигаат вообичаените сопирачки. Предвиден е држач за смартфон со кој може да се следи наполнетоста на батеријата, да се следи брзината и други податоци.

Klement е со тежина од 25 килограми, а се движи со помош на електромотор од 5,4 коњски сили. Максималната брзина е 45 км/ч, а двете јон-литиумски батерии со капацитет од 1.25 кВтч секоја, обезбедуваат можност да се поимне до 62 километри со едно полнење.

Оригиналниот систем за управување со чекори бара извесно навикнувње, но компактните димензии, високата брзина и големиот опсег без полнење го прави Klement идеален за градски услови.