Со новите батерии возилата на Tesla ќе издржуваат 1,6 милиони километри

ОБЈАВЕНО НА:

Издржливоста на батериите на електричните автомобили засега е најголемиот проблем и токму цената на батериите е причината за поскапите автомобили. Но, наскоро и ова може и треба да се смени. Повторно во главна улога е Илон Маск чии инженери се на праг на голем напредок.

Научниците кои соработуваат со компанијата на Илон Маск, објавија научен труд за супертрајна батерија. Ова се совпаѓа со предвидувањата на Маск дека Tesla наскоро ќе произведе автомобили чии батерии ќе издржуваат 1,6 милиони км без позначително сервисирање.

Тоа предвидување би можело да се оствари затоа што во научниот труд кој го објави Џеф Дан од канадскиот Универзитет Далхаус претстави нов тип на батерии кои може да траат со децении без да изгубат на капацитет

„Заклучивме дека ќелиите од овој тип би можеле да се користат во автомобилите повеќе од 1,6 милиони км и да се користат најмалку две децении за складирање енергија во куќните системи“ пишува во студијата.

Таквите батерии би биле од посебна корист во камионите и такси возилата, односно во возилата кои се користат значително повеќе од персоналните автомобили. Новиот тип батерија кој го развија Дан и неговиот тим е литиум-јонска батерија која содржи графит.

Студијата открила дека на температура од 20 C губи само 4% од капацитетот откако ја наполниле 3.400 пати во текот на повеќе од 2,25 години. Покрај тоа, батеријата која е наполнета до крај и поставена на таа температура не губи ништо од својот капацитет во период од 1,3 години. На повисоки температури исто така нема значителна деградација затоа што батеријата која ја чувале 1,3 години на температура од 40 C изгубила само 3% од капацитетот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK